НИТРО Компјутери :: Компјутерски и електронски сервис  
Потрошувачка кошничка
0 производ(и)
вкупно:
0,00 ден
Провери
петок,
14 Декември 2018
You have no flash support. No movie show, sorry |:-(
Пребарај по клучен збор


НОВОСТИ

Најниски цени на Canon дигитални камери

Супер цени за Canon дигитални камери.
Искористете ја можноста за да ги сликате или снимите најубавите моменти со квалитетна камера.
Не испуштајте насмевка - never miss a smile со Canon...

Canon A470
7.1 Megapixels
3.4x optical zoom
14 easy to use shooting modes
2.5" LCD screen
Motion Detection Technology
Face Detection Technology
Red-Eye Correction
DIGIC III and iSAPS
VGA and LP movies
Powered by AA batteries
ЗА САМО: 5.290,00 ден.

Canon A590 IS
8.0 Megapixels
4x zoom with optical Image Stabilizer
Motion Detection Technology
Face Detection Technology
Red-Eye Correction
DIGIC III and iSAPS
2.5" LCD and OVF
19 Shooting Modes and My Colors
VGA and LP movies
СО ПОДАРОЦИ:
Футрола марка
SD картичка од 1GB
ЗА САМО: 8.790,00 ден.


Квалитетни жични и безжични мрежи со TrendNet опрема

Петгодишната работа на Нитро Компјутери со квалитетна TrendNet опрема резултираше со голем број на задоволни фирми и физички лица.
Од TrendNet производите во однос (перформанси + квалитет) / цена би сакале да ги истакнеме:
жичниот 10/100Мb рутер со 4 портен switch TW100-S4W1CA,
безжичниот 108Мb рутер со заштитен ѕид и 4 портен switch TEW-452BRP,
безжичната 108Mb мрежна карта TEW-443PI и
300Mbit N-Draft рутер со 4 портен switch 452BRPK


СЕРВИСНИ ПАКЕТИ

За финансиските услови на сервисните пакети погледајте ја претходната опција: Одржување на софтвер, компјутерски систем и мрежа



ОДРЖУВАЊЕ НА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ И МРЕЖА

         1. Иницијално средување и проектирање на компјутерскиот систем:

  Изработка на проект кој ќе претставува нацрт на компјутерскиот мрежен систем на Клиентот. Правење на студија во која би се разработиле можностите за натамошен развој на системот, во согласност со новиот технички развој и трендови.

  Анализа на состојбата на секој компјутер, одделно, и извршување на соодветна стручна интервенција, секаде каде што е потребно. Оптимизација на работата на секој компјутер, по извршената анализа.

  Анализа на состојбата на компјутерската мрежа, начинот на поврзување и изнајдените топологиски решенија. Оптимизација на мрежата. Проверка на спроведените кабли во зградата и начинот на нивна заштита. Пронаоѓање на нови начини за поврзување на мрежата.

  Сигурносна анализа на системот, проверка на можна отвореност кон надвор и заштита во рамките на внатрешната мрежа.

  Проверка на состојбата на сите печатари и плотери. Инсталација на нови резервоари со мастило и тонери каде што е потребно. Преглед на состојбата на ваљаците, главите и другите делови подложни на амортизација во печатачите и плотерите.

 

2. Редовно одржување на компјутерскиот систем и техничка помош за вработените:

  Редовна посета на Клиентот од страна на наш вработен

  Машинско одржување на опремата:

    • Проверка на состојбата на компјутерите, дијагностика на појавувањето на можни проблеми;

    • Проверка на состојбата на печатачите и другата компјутерска опрема, дијагностика на појавувањето на можни проблеми;

    • Замена на тонерите и мастилата во уредите во кои тие се потрошени; репарација на старите касети од тонерите и мастилата; тонерите и мастилата се наплаќаат според Договорот;

    • Редовно средување на хард-дисковите со дефрагментација на дисковите. Организација на датотеките по фолдери на компјутерите локално и организација на компјутерските сервери.

• Консултации за вработените во текот на работата, телефонски и лично, според земениот Пакет.

  Програмско одржување на опремата:

    • Проверка на состојбата на инсталираните апликациски програми на компјутерите;
• Проверка на комуникациските програми и нивно конфигурирање за подобра работа;

• Антивирусна заштита:

    • Редовно ажурирање на антивирусен софтвер: aжурирање на базата со антивируси, проверка и чистење на вируси. Интервенција при појавување на нови вируси: инсталација на нови антивирусни програми за пронаоѓање на вируси;

    • Заштита на приватноста на податоците од тројанци, црви, spyware и друг шпионски софтвер;

    • Заштита на вработените од различни ad-ови кои се закачуваат при сурфање на Интернет.

  Одржување на компјутерската мрежа:

    • Редовен преглед на каблите за поврзување, одредување на нивната состојба;
• Преглед на сите Switch-ови, Hub-ови, модеми и другата мрежна опрема;

    • Проверка на заштитетноста од напади од надворешни лица во внатрешната мрежа, кои можат да се појават поради ажурирање и модернизирање на системот.

  Консултации за можни идни решенија во проширувањето на постоечката мрежа. Овие консултации ги опфаќаат надоградбите на постоечките компјутери, додавањето на нови периферни уреди во системот, поврзувањето на нови компјутери во системот.

  Проекти за најефикасна серверска организираност на системот. Голем број од компјутерите може да се користат само како терминали во системот, што ќе бара многу помала финансиска инвестиција во поглед на нивното одржување и натамошни надоградби.

 

3. Интервенција во случај на појава на дефект во системот:

  Повикот за интервенција може да се направи кај одговорните лица во Нитро Компјутери за одржувањето на системот на Клиентот, според Договорот.

  Пријавата на дефектот може да се направи со повик на телефон кај одговорното лице, испраќање на SMS порака на мобилен телефон или со пријава по пат на e-mail порака.

  Нитро Компјутери се обврзува во рок според Договорот да преземе активности во случај да е потребно итно отстранување на дефектот. Во случај на пријава на дефектот после договореното време, постапката за отстранување на дефектот ќе се започне следниот ден.

  Нитро Компјутери се обврзува да ги набави сите потребни делови, во најкусо можно време, за отстранување на дефектот, според услови кои се наведени во следната точка.

  Ако се појави дефект во плотер или печатач, за кој после извршената дијагностика се утврди дека е потребна интервенција од електроничар или друго стручно сервисирање за тој уред, Нитро Компјутери се обврзува да го однесе до овластениот сервис за тој уред, и по извршениот сервис да го врати назад кај Клиентот. За транспорт на уредот во рамки на град Скопје, Нитро Компјутери нема да изврши додатна наплата. Клиентот ќе го исплати само долгот спрема овластениот сервис за сервисирање на соодветниот уред.

 

 


CONTACT BOX
Нитро Компјутери

Иван Козаров 24 локал 21
ТЦ Стара Рампа -
Кисела Вода
1000 Скопје

Тел:
02/55-11-374



ул.9, бр.7
Стајковци
1000 Скопје

Тел:
02/25-53-472



Мобилни телефони:

071/243-833
071/444-559



Web
www.nitro.com.mk

E-mail
nitro@nitro.com.mk

sales@ nitro.neotel.net.mk

service@ nitro.neotel.net.mk

agent@ nitro.neotel.net.mk

software@ nitro.neotel.net.mk